Прегазен балкански рис на магистралниот пат Кичево – Охрид

- Хроника
2475

Македонското еколошко друштво (МЕД) коешто како организација работи веќе 12 години на заштита и зачувување на балканскиот рис како критично загрозено животно според критериумите на Светската унија за заштита на природата (IUCN)  за жал информира дека неодамна на магистралниот пат Кичево – Охрид е најден прегазен рис кај месноста Славеј Планина. МЕД за рисот доби повик од член на ловното „Питон“ од Охрид но и покрај напорите да се укаже прва помош на животното и да се транспортира до ветеринарната клиника во Скопје рисот угина.

  • По еден час возење рисот не даваше веќе знаци на живот. Во ветеринарната клиника беше направена надворешна проверка на состојбата на телото од страна на ветеринарниот лекар Диме Велковски. Беше заклучено дека рисот (адултна женка) има скршен колк, нема внатрешно крвавење и причината за смртта била преголем стрес и доста низок крвен притисок, веројатно поради изгубената крв од ударот (хиповолемија). Беше земена крв за здравствена и генетска анализа. Крвната слика направена во клиниката укажа на релативно здрава единка, изјави Диме Меловски, раководител на Програмата за зачувување на балканскиот рис во МЕД.

Состојбата со балканскиот рис во Македонија е сè уште критична. Последната проценка е дека ова животно брои не повеќе од 50 возрасни единки, а со тоа се категоризира како критично загрозено. Иако сообраќајните незгоди не беа утврдени како закана на која мора приоритетно да се работи (Melovski et al, 2018), ваквите инциденти се од огромно значење бидејќи секој рис е значаен за виталноста на популацијата. Ова особено важи за женките кои при вакви инциденти зад себе е можно да остават млади, кои во овој период од годината не се во можност сами да преживеат. МЕД неколкупати предупреди дека за изградбата на автопатот Кичево-Охрид потребно е да се внимава за подземните и надземните премини, особено на местата каде планините од двете страни на патот се во непосредна близина, што овозможува и природен премин за различни видови животни. Овој трагичен случај повторно аламира итно да се отпочне со отворање на прифатен центар за диви животни којшто ќе може да згрижи повредени диви животни. Во прифатниот центар ќе треба да работат обучени ветеринари и биолози. За оваа иницијатива во повеќе наврати се информирани претставници на МЖСПП и МЗШВ.

Strugaonline

Facebook Коментари