„Come With Me“ – ново музичко видео и нов сингл на Владимир Четкар

- Музика
162

Промовиран е новиот видео запис за најновиот сингл на Владимир Четкар, „Come With Me“  (Дојди со мене).

Видео записот е дело на Борче Димовски и е сниман на повеќе локации во Охрид а во него гледачите ќе можат да ги видат некои од најволшебните места на Охридското езеро.
 
Музичката тема „Come With Me“  е снимана во  Њујорк во студиото The Bunker Studio и е комплетно дело на Четкар каде тој се појавува како продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент, гитарист и вокалист. Песната е снимана целосно со жива инструменатција додека стилски содржи елементи на соул, џез, фанк, диско и поп. Интересно е тоа што песната Come With Me која е објавена само пред неколку дена веќе интензивно се врти во повеќе радија во Унгарија меѓу кој и на најпопуларното Унгарско радиза џез и соул музика Jazzy 90.FM кој песната ја најавува како голем хит а наскоро песната ќе ја има својата радиска промоција и во Аргентина, Бразил, Англија, САД, Јапонија, Тајланд, Италија, Мексико и други земји кој досега активно ја поддржувале авторската музика на Четкар.

Strugaonline

Facebook Коментари