Гитаристот Дамјан Пејчиноски ќе одржи музичка работилница на „Krusevo Workshop“

- Музика
1606

Најновото издание на „Krusevo Workshop“ е одлична можност за сите талентирани музичари и вљубеници во свирењето гитара , бидејќи во склоп на ова издание (трето по ред), музичка работилница по гитара ќе одржи еден од најпознатите македонски гитаристи, Дамјан Пејчиноски. Сите заинтересирани треба да испратат порака во инбоксот на Facebook страницата на Krusevo Worksop. Пораката треба да содржи име, презиме и датум на раѓање.

Работилницата ќе трае од 20-22 јуни во Спомен куќата Тодор Проески.

Идејата и целта на “Krusevo Workshop„  е почнувајќи од 2015 година, градот Крушево а особено Спомен куќата на Тоше Проески, да прерасне во регионален културен центар за едукација во областа на уметноста.

Првата работилница се одржа во 2015 година кога гостуваше музичката легенда Влатко Стефановски, кој заедно со учесниците го реализираше проектот „70 гитари за Тоше“, а во 2016 година музичката работилница ја одржа виртуозот  на хармоника Горан Алачки.

 

Facebook Коментари