(ВИДЕО): Нова песна и спот на Sarah Mace

- Музика
111

“Црна капина” од проектот Floating through space with Sarah Mace во ново и нетипично анимационо руво!

– „Песнава е според мене една од најубавите на албумот Floating through space with Sarah Mace,  не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе…. ова е песна започната како идеја на бубњарот (во случајот и автор, Александар Ванчовски) и мислам дека тоа бубњарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа.“ – вели Сара.

Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи (следејќи го текстот на песната), дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска.

Strugaonline

 

Facebook Коментари