(ВИДЕО): Нова песна на бендот „Replay“ насловена како „Драма“

- Музика
991
Дали сте подготвени за една мала ,,Драма”?  Доколку сте, слушнете и погледнете ја најновата и третa по ред, авторска песна со видео запис насловен како ,,Драма” на добро познатиот бенд ,,Replay”.
Во соработка со Мартин Мила, творец на текстот, тонското студио ,,Подрумот” на Ангел Ќосев кој со своите музички вештини се погрижи за аранжманот, и музиката која ја креираа момците од “Replay”, повторно направија нешто што ќе биде вредно за паметење.
Магијата на спотот се создаде во актуелниот музеј на Илузии. Заедно со нивните спонзори и пријатели кои овозможија овој проект да стане реалност направија сè за да можете да
уживате во нивната ,,Драма”.

Strugaonline

 

Facebook Коментари