Владимир Четкар со концерти во Њујорк, Детроит и Кливленд

- Музика
963
По неодамнешниот успешен концерт во Скопје кој беше во организација на Три Гонга, Владимир Четкар замина за САД каде го очекуваат неколку концерти во Њујорк, Детроит и Кливленд.
 На 31 Јануари, Среда,  Четкар се враќа на Тајм сквер со концерт во прочуениот Њујоршки клуб “BB king Blues Club” каде редовно настапуваат некој од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката.Четкар во Би Би Кинг ќе настапи во Лусилс (Lucille’s) која е помалата сцена на Би Би Кинг Клубот.
 На 2 Февруари, Петок, Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо во клубот “Nighttown” кој според магазинот “Down Beat” е еден од водечките џез клубови во светот а наредниот ден Сабота, 3 Февруари ќе одржи концерт во Детроит во џез клубот “Jazz Café Detroit” кој се наоѓа во историскиот “Music Hall”.
 На сите концерти Четкар ќе свири своја авторска музика и ќе предводи интернационален септет во кој ќе членуваат американски, јапонски, мексикански и холандски музичари.
Strugaonline

Facebook Коментари