Водечкиот Американски он-лајн магазин за Соул музика со рецензија за Четкар

- Музика
128
Американскиот онлајн магазин за соул музика soultracks.com објави рецензија за нашиот светски познат музичар Владимир Четкар. Во рецензијата стои:
„Помина доста време од кога на Соултрекерите за прв пат им го претставивме Македонскиот пејач/гитарист Владимир Четкар.
Овој дипломец на Беркли колеџот за музика постојано создава префинета музика која стои помеѓу линиите на соул, џез и поп музиката.
Владимир моментално го подготвува новиот албум Going Home, кој ќе биде објавен во почетокот на 2019 година. Во меѓувреме, тој издаде сингл и видео што ја продолжува неговата низа на силна музика.
‘Come With Me’ е песна со оркестарска позадина и во себе има малку Бери Вајт, малку Џорџ Бенсон и многу забава. Слушнете ја ‘Come With Me’ и посакајте му добредојде на Владимир Четкар во Соултракс! “- стои во написот

„Come wuth me“ предизвика одлични рекации и кај македонската публика.

Strugaonline

Facebook Коментари