Македонија елиминирана од ЕП 2020

- Спорт
651

Maкедонија го заврши своето учество на Европското првенство во ракомет со катастрофалниот пораз што вчера го доживеа од селекцијата на Австрија.  Австријците славеа со резултат 32-28 , а дека нашите ракометари ќе ги пакуваат куферите за дома се навестуваше уште на почетокот од овој наптревар. На одмор отидовме со резултат 18:12, a Австрија во неколку наврати во второто полувреме  имаше и двоцифрена предност.

Стоилов со 5 погодоци беше најефикасен во нашиот тим додека на спротивната страна се истакна Билик со 6 постигнати гола.

Нашите ракометари се бореа до самиот крај на натпреварот, но имаа многу бледа игра и грешки кои ги чинеа елиминација од ова европско првенство.

Strugaonline

Facebook Коментари