Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид ќе го одбележи „Светскиот ден на срцето“

- Здравје, Локални
1064

Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид,  со задоволство, и оваа година  е носител на активностите за одбележување на „Светскиот ден на срцето” во Охрид.

„Во соработка со Општина Охрид и Организацијата на Црвен Крст од Охрид ,а во заедничка  организација со  фармацевтската компанија  Алкалоид-Скопје, ќе се вклучиме во глобалната кампања,  која  по повод  29 Септември- Светскиот ден на срцето ги обединува здравствените работници,  државните институции, здруженијата на пациенти, граѓанските организации, семејствата и поединците  со единствена цел – подигање на свеста на заедницата и секој поединец во неа за можностите да се намали бројот на засегнати од кардиоваскуларни заболувања.“-информираат од Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања. 

   Годинешното мото е Направи ветување  ЗА МОЕТО СРЦЕ, ЗА ТВОЕТО СРЦЕ, ЗА НАШИТЕ СРЦА,,  и  треба да ги потсети сите  дека бројот на  на   КВЗ може да биде значајно намален со контрола на ризик факторите и адекватна грижа за своето здравје на секој поединец.

На 28.09 ( сабота) на градскиот плоштад , традиционално , ќе биде поставен шатор и вработени од  болницата ќе вршат превентивни прегледи за сите заинтересирани во периодот од  10-13 часот. Заинтересираните ќе имаат можност и да добијат одговори на прашања поврзани со кардиваскуларното здравје.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари