ФОТО: Висечкиот мост во Струга, раните педесетти години

Првобитната местоположба на висечкиот мост беше токму на месноста што Стружани си ја викаат „УСТА НА ДРИМ“. Во раните педесетти години, предвоената царинарница, беше преадаптирана како Хотел Галеб. Во тоа време, во тој хотел редовен посетител бил еден југословенски висок функционер по име Владо Зечевиќ.

Владее верување дека токму Тој, за да може од Хотелот Галеб да се дојде до Машка Плажа, направил така да биде финансирана изградбата на тој висечки мост. Покасно, тој мост ќе има неколку преместувања од кои едното е токму како на фотографијава, на местото каде што порано постоеше железничкиот мост.

Фото и текст: Науме Јаканоски

StrugaOnline

Facebook Коментари