Денеска се игра реванш-натпреварот помеѓу Македонија и Романија

- Спорт
647

Денеска со почеток од 17:30 часот во Клуж, Романија се игра реваншот помеѓу Македонската ракометна репрезентација и селекцијата на Романија. Ова е реванш-натпревар во рамките на  баражот за Светското првенство 2019.

Избраниците на селекторот Раул Гонзлаес имаат  предност од осум голови , што би значело дека имаат голема шанса да излезат како вкупен победник од двомечот.

Репрезентацијата на Македонија нема да има измена во составот со кој настапи на првиот дуел против Романија. Селекторот Раул Гонзалес одлучи довербата да им ја даде на истите 16 ракометари кои го добија првиот дуел против Романците.

Strugaonline

фото: архива/РК Металург

Facebook Коментари