Денеска започнува 21-то Светско фудбалско првенство

- Спорт
857
Со натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија денес во 17 часот од „Лужинки” во Москва ќе стартува 21-то Светско фудбалско првенство. На Мундијалот ќе настапат 32 репрезентации поделени во осум групи. е се игра по систем секој со секого, а првите две од секоја група одат во следната рунда. Групната фаза ќе трае од 14 до 28 јуни. Осминафиналето ќе се игра од 30 јуни до 3 јули. Четвртфиналето е закажано за 6 и 7  јули, а полуфиналните дуели за 10 и 11 јули. На 14 јули е натпреварот за 3.место, а финалето ќе се игра на 15 јули.
Извор:МИА
Фото: aрхива
Strugaonline

Facebook Коментари