Фленсбург го победи Мешков, Монпелје убедлив против Кјелце

- Спорт
879

Ракометарите на Фленсбург во неделата во Белорусија го победија Мешков Брест со 26:25 и се блиску до четвртфинален натпревар со Вардар во Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак Кјелце доживеаа убедлив пораз во Монпелје 33:28.

Европскиот првак Кјелце во реваншот ќе брака негатива од пет голови против Монпелје, откако во Франција загуби со 33:28, првото полувреме беше рамноправно во кој Кјелце во финишот стекна предност од два гола (13:15). Во вториот дел полскиот тим водеше и со четири гола разлика 18:22, кога Монпелје го започна пресвртот, најпрвин со серија 4:0 Французите израмнија, а кога во последните 15 минути голманот Портнер влезе во ритам, Монпелје со серија 8:2 го заврши натпреварот со 33:28.

Силкборг не успеа да оствари поволен резултат против ПИК Сегед иако на полувремето водеше со пет голови. Унгарците во вториот дел постигнаа 18, а примија 11 голови за конечни 24:26.

Facebook Коментари