Франција е првиот финалист на Светското првенство, вториот ќе се знае вечерва

- Спорт
736

Селекцијата на Франција е првиот финалист на Светското првенство  откако со 1-0 славеше над Белгија.Голот кој оваа екипа ја однесе во финале го постигна  дефанзивецот Самуел Умтити кој со глава ја затресе мрежата на Тибо Куртоа во 51 минута.

Вториот финалист на овогодинешното светско првенство ќе се знае откако ќе биде одигран натпреварот помеѓу Англија и Хрватска. Почетокот на овој значаен натпревар е закажан за вечерва  20:00 часот.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари