Горење го откажа учеството во СЕХА-лигата

- Спорт
759

Вистински шок за СЕХА-лигата е откажувањето на словенечкиот претставник Горење Велење. По двегодишно настапување, Горење на својот сајт објави дека повеќе нема да учествува во ова регионално натпреварување.

Причината за отказот Горење ја најде во промената на системот во првенството на Словенија, бидејќи словенечките претставници во СЕХА-лигата оваа година ќе мораат да учествуваат во домашното првенство од самиот почеток, а тоа се дополнителни 22 натпревари. Освен тоа, Горење оваа сезона значително го подмлади својот тим и тврди дека овој нејзин состав нема капацитет да учествува во сите натпреварувања.

Горење објави дека сезонава ќе учествува само во домашното првенство и во националниот Куп, како и во ЕХФ-купот.

Според СЕХА-лигата, до 20 јули ќе биде се познато, и системот на играње и списокот на учесниците за следната сезона.

Извор и фото: rkmetalurg.mk

 

Facebook Коментари