Хрватска е вториот финалист на СП во Русија

- Спорт
777

Селекцијата на Хрватска е вториот финалист на 21-от Мундијал кој се одржува во Русија. Хрватските фудбалери во полуфиналето после 120 минути игра ја совладаа Англија (2-1), откако регуларниот дел не даде победник завршувајќи 1-1.

Клучниот гол кој ја однесе Хрватска во финале го постигна Марио Манџукиќ кој за 2-1 погоди во 109-та минута.

Почетокот на натпреварот и донесе водство на Англија од 1:0 кога Трипиер погоди во 5та минута. Хрватите преку Перишиќ израмнија во 68-та минута. Потоа, дури во продолженијата односно во 109-та минута Манџукиќ го постигна голот вреден финале.

Хрватска во финалето против Франција ќе има историска шанса да стане првата земја од Балканот која се закитила со златен медал на Светско првенство во фудбал.

Strugaonline

Facebook Коментари