ЛШ: Европа ќе има нов првак, Монпелје го елиминира Кјелце, Вардар против Фленсбург во четвртфиналето

- Спорт
1005

Во ракометната лига на шампиони, германскиот клуб Фленсбург ќе биде противникот на Вардар во четвртфиналето, четфртфиналисти се и ПСЖ, Пик Сегед, Веспрем, Кил и најголемото изненадување Монпелје. Францускиот тим успеа во двомечот, со две победи да го елиминира европскиот првак Кјлеце.

Фленсбург е победникот во осминафиналниот реванш против Мешков Брест, на пет минути до крајот на мечот имаше негатива 23:25 и играч помалку, но до крајот поранешниот европски првак направи серија 5:1 за конечни 28:26.

Европскиот првак Кјелце нема да ја брани титулата, бидејќи не успеа да го мине осминафиналето. Француски Монпелје со две победи го елиминира Кјелце, откако на домашен терен славеа со пет голови разлика, во реваншот ракометарите на Монпелје победија 28:26, иако на полувреме имаа негатива од четири гола.

Четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите се следни:

Фленсбург-Вардар,

Кил-Барселона,

Монпелје-Веспрем и

Пик Сегед-ПСЖ.

Facebook Коментари