Монпелје е противник на Вардар на Ф4 во Келн

- Спорт
1851

Екипата на Монпелје е противникот на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во лигата на шампионите во Келн. Тоа ќе биде дуел на два европски прваци, актуелниот Вардар и поранешниот Монпелје. Во второто полуфинале се среќаваат. Нант и ПСЖ

Монпелје е првиот тим што успеал да стигне до Ф4 турнирот играјќи во послабата група, а не во најдобрите А и Б. Французите мораа да играат и бараз за влез во осмина-финалето, па потоа да играат и уште четири средби за да стигнат до Келн. Тие се дебитанти на овој турнир. Моментно во француското првенство се лидери, пред ПСЖ и Нант.

Монпелје беше европски првак во 2003 година, но откако се игра новиот формат со Ф4 во Келн ова е првпат да бидат во ситуација да играат за титулата.

„Сега треба добро да се анализира Монпелје. Јас ги гледав нивните натпревари сезонава, но само како обичен гледач. Следува анализа на тоа што го играат. Имаат различна екипа од порано, играат со многу самодоверба и бидејќи ова е голем успех за нив сигурно ќе бидат мотивирани. Ние се спремаме како и за секој противник. Има време за се, несакам ништо да прогнозирам ниту да анализирам сега. Го знаеме противникот и сега ќе се фокусираме на тоа, вели Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

По ждрепката, беа вклучени играчи од сите екипи учесници на Ф4 турнирот. Од Скопје преку скајп линија се јави Стојанче Стоилов, кој веднаш малку се пошегува.

„Имав некое чудно чувство дека ќе добиеме француски тим, не знам зошто. Лани бевме утсајдери, но сега го браниме трофејот и ситуацијата е малку поинаква. Имаме привилегија и мораме да го браниме трофејот. Искрено пред ждрепката немав посебна желба, сите кои се тука имаат 25 отсто шанси да триумфираат на крајот. Реално сите тимови имаат шанса за трофејот, вели Стоилов.

Полуфиналните средби се играа на 26 мај, а победниците ќе играа за трофејот на 27 мај.

Извор: rkvardar.mk

Facebook Коментари