МТВ ги обезбеди правата за пренесување на Светското Првенство во ракомет

- Спорт
993

На македонските гледачи нема да им биде ускратено правото да ги гледаат натпреварите од Светското првенство во Германија и Данска на ракометната репрезентација! По објавувањето на информацијата на 24Ракомет, дека регионалната Арена Спорт ги има ексклузивните права за преноси од Мундијалот, се разбуди и македонскиот ТВ пазар и денеска конечно се заврши сагата околку правата, па јавниот сервис обелодени дека Светското првенство ќе оди на нивната програма.

„Македонската Телевизија ги обезбеди ексклузивните терестријални права за телевизиско покривање на Светското Првенство во ракомет, коешто од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и во Данска. Во изминатиот период Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик ! Подгответе се за вистинско уживање во текот на 18-те мундијалски дена со врвен ракомет во неограничени количини на Македонската Телевизија“, соопштија од МТВ.

Македонија ќе игра во групата Б во Минхен, заедно со селекциите на Бахреин, Јапоија, Хрватска, Шпанија и Исланд, а Мундијалот започнува на 10 јануари.

Извор:24rakomet.mk

 

Facebook Коментари