Нов пад на Македонската фудбалска репрезентација на ФИФА ранг листата

- Спорт
873

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од 1 позиција на најновата ФИФА ранг листа и сега се наоѓа на 166-то место, кое што е најслаб пласман во историјата на македонскиот фудбал.

Од селекциите кои се наоѓаат во нашата квалификациска група послаб е само Лихтенштајн кој е на 184- место. Најдобра е селекцијата на Шпанија која е десетта, Италија е 15-та, Албанија е на 54-то место, додека Израел е 56-ти.

На најновата ФИФА листа нема промени во Топ 10, прва е репрезентацијата на Аргентина, а зад неа се Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Facebook Коментари