Нов спортски настан во Струга – Форма Вита опен 2017

- Локални, Спорт
1983

Во организација на спортскиот центар Форма Вита од Струга на 4-ти јуни 2017 ќе се одржи првиот спортски и фитнес настан на отворено во Струга. Форма Вита опен 2017 организира трчање покрај езеро каде што можат учествуваат сите припаднички од женски пол без разлика на возраст.

Покрај женската трка, следува и детската трка на која што можат да учествуваат девојчиња и машки на возраст од 7 до 13 години. Ова е спортски настан за сите кои сакаат да бидат дел од голема спортска забава без разлика дали сте физички активни.

Настанот започнува со собир на почетокот на машка плажа кај Хотел Дрим на 4-ти јуни во 9:30 часот наутро. Во 12:00 часот продолжуваме во летната сцена во домот на култура „Браќа Миладиновци“ каде ќе следува доделување на награди проследено со голема зумба и аеробик забава.

Партиципација за учество чини 300 ден за возрасни, 150 ден за деца. Секој пријавен член добива маица и диплома за учество, како и обезбедена вода и пијалок.

Пријавувањето е во тек во Спортски центар Форма Вита и на тел бр. 078/729-931.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари