Продолжи победничката серија на КЛ7-Струга во кадетската лига

- Спорт
710

КЛ7 Струга  го одигра својот шести натпревар во кадетската лига на РФМ и повторно забележа нова висока победа, ја совлада екипата на РК Еурофарм Работник со резултат 45:29.

Иако се очекуваше неизвесен натпревар, сепак младите кадети на КЛ7-Струга одиграа одличен натпревар кој победникот го решија многу брзо. После 10 минути игра, на семафорот стоеше 5:0, а со истото темпо продолжија во текот на целиот натпревар. Во 59 минута младиот Мемед погоди за највисоки 17 разлика (45:28).

Кристијан Симоноски одигра перфектен натпревар во кој постигна дури 14 погодоци. Додека Џигероски го заврши натпреварот со девет погодоци, а Стојков и Гучески постигнаа по пет погодоци.

Следниот  натпревар се игра денеска со екипата на РК Енхалон од 13:30 во „Нико Нестор“

КЛ7 Струга – РК Еурофарм Работник 45:29(22:12)

КЛ7-Струга: Петрески, Галевски, Џигероски 9, Шулески 1, Гучески 5, Христоски 2, Симоноски 14, Јованоски, Бочески, Конев 1, Ѓорговски 3, Стојков 5, Стрезовски 2, Затуроски 2, Мемед 1, Ѓорѓиески.

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 12 мин

Извор и фото: kl7.mk

Facebook Коментари