СЕХА: Металург го победи Горење

- Спорт
777

Ракометарите на Металург славеа уште една победа, петта за нив во рамките на регионалата СЕХА лига.

Во натпревар во кој се играше за престиж, и секако, што подорба позиција, Металург беше подобар од словенечкиот претставник Горење со (28:25), па сега има пет победи а во пресрет на последнитe два кои ќе ги играат на гостински терен.

На последниот меч пред своите верни навивачи „металурзите“ се надминаа себеси, особено добро ги одиграа последните петнаесетина минути во кои не само што анулираа предност од неколку голови, туку стигнаа до успех изразен токму со три гола позитива.

Голманите Арсиќ и Томовски одбранија 15 топки, Србинот 10, а македонскиот репрезентативец 5, додека стрелците ги предводеа Илиќ со 7 голови, без промашување, односно Обрадовиќ и Кузмановски кои мрежата на Горење ја погодија по пет пати.

До крајот на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата Металург го очекуваат две гостувања, најпрвин кај Извиѓач (28-ми февруари), а потоа и кај Нексе (7-ми март).

Facebook Коментари