Семинар за тренери во јуни во Охрид

- Спорт
804

На 16 и 17 јуни во Охрид ќе се одржи семинар на кој тренерите ќе имаат можност да ги обноват лиценците за следната сезона.

„Овој семинар ќе биде обемен. Ќе имаме гостин од Романија, а на истиот ќе има предавање и за последните 30 секунди во натпреварот. Тоа ќе биде задача за Драган Начевски, кој ќе треба да им го објасни на тренерите овој момент за кој има големи дилеми и дискусии во последно време. Како предавачи ќе бидат и Лефтер Бошковски за младински ракомет и Зоран Петковски за голмански тренинзи“, информирал  Претседателот на Здружението на ракометните тренери, Гино Стрезовски, а пренесе 24rakomet.

Тој истакнал  дека на овој семинар ќе има и 14 тренери од страна. Доаѓаат четворица тренери од Бих, седум од Косово, еден од Црна Гора и двајца од Србија.
Извор: 24rakomet.mk
фото: архива

Facebook Коментари