Шпанија и Шведска во финале на ЕП во Хрватска

- Спорт
795

Згубија фаворитите на вчерашните  две полуфинални средби. Франција и Данска, големите фаворити за златниот медал, вечерва се елиминирани од Шпанија и Шведска.

Франција, која претходно ги доби сите шест средби на ова првенство  потклекна во дуелот со Шпанија. Французите беа инфериорни во текот на целата средба, а на моменти губеа и со неверојатни девет гола разлика. Иако при крајот на средбата направија серија од 6:0 и намалија на само три гола негатива, тие немаа сили да го избегнат поразот.

Франција – Шпанија  23:27 (9:15)

Вистинска драма се случуваше во вториот полуфинален натпревар. Швеѓаните, кои “низ иглени уши“ – за само еден гол – се пласираа во полуфиналето, вчера целосно ја надиграа селекцијата на Данска. Водеа во текот на целата средба, но за малку ќе  потклекнеа во финишот на средбата. Имено, на две минути до крајот Шведска водеше со три гола разлика, но Данска сепак успеа да постигне три гола и да израмни буквално во последната секунда. Сепак, правдата беше задоволена во продолженијата во кои Шведска обезбеди настап во финалето.

Данска – Шведска  34:35 (28:28, 14:16, 6:7)

Вчера се одигра и средбата за петтото место, меѓу селекциите на Хрватска и на Чешка. И овде беше многу возбудливо , бидејќи Хрватите средбата ја добија со само гол разлика, а Чешка во последната секунда упати удар за израмнување, но ударот на Каспарек отиде на само неколку сантиметри над голот на домашната селекција.

Хрватска – Чешка  28:27 (16:10)

Денеска  во Загреб е ден за одмор, а в недела се играат двете последни средби на првенството, таа за третото место и големото финале.

18.00 часот:  Франција – Данска  (меч за третото место)

20.30 часот:  Шпанија – Шведска  (финале)

Извор: rkmetalurg.mk

фото: архива

 

Facebook Коментари