Шведска ја порази Хрватска, Србија оди во втората фаза

- Спорт
856

Последниот наптревар од групата А на ЕП во Хрватска, им донесе пораз на домаќините. Екипата на Шведска ја совлада Хрватска со резултат 31-35 (12-17). Така, Шведска е на првата позиција во групата А и според околностите благодарение на оваа победа на Швеѓаните Србија оди во втораѕа фаза од натпреварувањето. Според овој распоред Шведска пренесува максимални 4 бодови во следната фаза.

Почетокот на натпреварот донесе израмнета игра, но брзо потоа следеше една голема криза во играта на Хрватска, а Шведска направи серија од 5:0. Хрватите се обидоа да се вратат но тешко беше со таа силна одбрана на Швеѓаните на чело со голманот Паличка.

Ниту во вториот дел од натпреварот немаше некоја голема промена. После само 10 минути игра Шведска имаше највисоки +9. Сепак Хрватите успеаа да ја стопат високата предност и на крај загубија со резултат 31-35.

 

Facebook Коментари