Словенија со приватна тужба до ЕХФ

- Спорт
908

Спорниот крај во дуелот помеѓу Словенија и Германија на ова Европско првенство дефинитивно ќе остане во сеќавање на сите гледачи и љубители на ракометот. Откако Eвропската ракометна федерација ја одби жалбата на Словенците,  Ракометниот Сојуз на Словенија е многу незадоволен од оваа одлука и повторно ќе се жали, односно оваа жалба ќе оди на Арбитража. Инаку, претседателот Фрањо Бобинац најави и приватна тужба на Ракометниот Сојуз на Словенија кон ЕХФ поради влијание на поединец на конечниот резултат, кој беше 25:25. Словенците исто така ќе се жалат и во Судот за спортски права во Лозана.

„Ова ги преминува сите граници, па нашата федерација сериозно размислува да го напушти ЕП, иако од друга страна се плашиме од негативните последици кои можат да произлеат од ваквата одлука.“ – вели генералниот секретар на РСС, Горан Цвијиќ, а пренесе 24 ракомет.

Сега за сега, Словенците нема да го напуштаат Европското првенство, односно ќе го одиграат утрешниот натпревар со Црна Гора, па по завршувањето, ќе одлучат за следниот чекор. Тој е решавачки меч, дали Словенија или Црна Гора ќе оди во следната фаза.

Извор:24ракомет

Facebook Коментари