Вчера се одиграа првите средби од 10. коло во ракометната Лига на шампиони

- Спорт
817

Со двата натпревари од групата Б, одиграни синоќа, во кои победи забележаа домашните екипи, беше отворено 10. коло во ракометната Лига на шампиони.

kielce-rajn-nek

Останатите средби на програмата се претстојниов викенд, а од нив најголемо внимание за македонската јавност ќе привлечат настапите на нашите екипи.

Во сабота, во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион Вардар го пречекува хрватскиот првак ППД Загреб, а ден подоцна (недела) во СЦ „Борис Трајковски“, Металург е домаќин на Чеховски Медведи.

Комплетни двојки за 10. коло во ракометната лига на шампиони:

А група: Кадетен Шафхаузен – Кил, Веспрем – Барселона, ПСЖ – Силкеборг (сабота) и Висла Плок – Фленсбург (недела).

Табела : Барселона 16 бодови, ПСЖ 14, Веспрем 10, Фленсбург 9, Кил 9, Висла Плок 6, Силкеборг 4 и Кадетен Шафхаузен 2.

Б група: Рајн-Некар – Киелце 28-23, Мешков Брест – ПИК Сегед 25-23, Вардар – ППД Загреб и Целје – Кристијанштад (сабота).

Табела: Киелце 14 бодови, ПИК Сегед 13, Рајн-Некар 13, Вардар 12, Мешков Брест 11, Целје 5, ППД Загреб 4 и Кристијанштад 4.

Ц група: Прешов – Ла Риоха (сабота), Металург – Чеховски Медведи и Монпелје – Елверум (недела)

Табела: Монпелје 14 бодови, Ла Риоха 11, Елверум 8, Металург 8, Таран Прешов 7 и Чеховски Медведи 6.

Д група: Бешикташ – Динамо Букурешт, Брага – Нант (сабота) и Холстебро – Мотор Запорожје (недела).

Табела: Нант 15 бодови, Мотор Запорожје 13, Бешикташ 9, Динамо Букурешт 8, Брага 5 и Холстебро 4.

 

Facebook Коментари