Женската ракометна репрезентација на Македонија меѓу селекциите кои ќе играат за пласман на шампионатот

- Спорт
1086

Женската ракометна  репрезентација на Македонија победи во сите три натпревари во квалификациите за баражот за Светското првенство во Јапонија и успеа да се најде меѓу селекциите кои ќе играат за пласман на шампионатот.

Овие резултати предизвикаа голема радост кај љубителите на ракометот посебно ако се земе во предвид дека во женска конкуренција, одамна немало ваков успех за нашата земја.

Нашите ракометарки  во три дена ги совладаа селекциите на Азербејџан, Исланд и Турција и сосема заслужено славеа.

Strugaonline

фото: 24rakomet.mk

 

Facebook Коментари