ЖРК Стружанка освои трето место во Македонија

- Локални, Спорт
1546

Кадетите на ЖРК Стружанка го освоија третото место на завршниот турнир кој се одигра вчера во Куманово заедно со екипите на Металург, Куманово и Вардар Јуниор.

На завршниот турнир ЖРК Стружанка обезбеди трето место, (бронза)  каде што во малото финале нашите ракометарки славеа  над Металург.

Во малото финале Металург во поголем дел од натпреварот го диктираше темпото на резултатот каде што во некои наврати имаа предност од 4 и 5 погодоци за да на полувреме завршат со +4 или 9:13.

Металург успеваше да ја задржи таа предност но упорноста и волјата на нашите девојки успеа да ја неутрализира предноста над гостите од Скопје и на крај дојде до резултат 23:23 и ЖРК Стружанка со последниот удар од 9 метри преку Натали Јоноска успеа да го совлада противничкиот голман и да донесе бронза.

На овој турнир ЖРК Стружанка покрај бронзата ги донесе во Струга и пехарите за најдобар среден бек и стрелец Затуроска Ивана и најдоброто лево крило Домазетоска Теодора.

Стрелци за ЖРК Стружанка во малото финале против Металург беа:

  1. Затуроска Ивана 12 погодоци
  2. Петреска Марија 4 погодоци
  3. Дурацоска Стефанија 4 погодоци
  4. Јоноска Натали 2 погодоци
  5. Домазетоска Теодора 1 погодок
  6. Дускоска Теодора 1 погодок

Во првиот натпревар против домаќините Куманово загубија со резултат од 26:18(15:8) и каде што домаќините заедно со Вардар Јуниор играа за прво и второ место каде што Куманово го освои првото место на овој турнир а со сребро си заминаа Вардар Јуниор.

Стрелци на ЖРК Стружанка против Куманово беа:

  1. Затуроска Ивана 9 погодоци
  2. Дурацоска Стефанија 5 погодоци
  3. Петреска Марија 1 погодок
  4. Домазетоска Теодора 1 погодок
  5. Вранишкоска Мирјана 1 погодок
  6. Затуроска Бојана 1 погодок

Извор и фото: ЖРК Стружанка

Strugaonline

Facebook Коментари