34 годишна стружанка е убиена, осомничениот сопруг е опериран и е надвор од животна опасност

- Локални, Хроника
239

Потресна вест синоќа ги вознемири стружани. 34 годишна жена  беше убиена, а според информациите од надлежните органи, убиството го извршил нејзиниот сопруг, кој потоа се обидел да се самоубие

– Синоќа во 19:15 часот пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С.Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј.Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница во Струга, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде сопружниците биле во посета. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело.соопштија од Јавното обвинителство во Струга.

Facebook Коментари