46 годишен жител од селото Мислешево починал при управување трактор

- Локални, Хроника
974

На 29.10.2021 година околу 13 часот, во ОВР Струга од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста „Градарица”, атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт. Од извршениот увид предводен од јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Б.М.(46) од селото Мислешево кој, починал при управување трактор.

Facebook Коментари