50-то издание на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид

- Локални
827

50-то јубилејно издание на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 44-та Меѓународна научна конференција ќе се одржат во Охрид и ќе траат од 17-ти  јуни до 2-ри  јули

Семинарот ќе се одржи во Конгресниот центар, а е во организација на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Семинарот својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар.

Низ годините учество зеле над 4.000 учесници од над 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот.

Извор: ОхридПреc

Facebook Коментари