62-годишна жена се здобила со тешки повреди по пад од трактор

- Локални, Хроника
209

На локалниот пат помеѓу селата Требеништа и Ливоишта, вчера околу 09:30 часот се случи незгода во која едно лице се здоби со тешки телесни повреди.

– 67-годишната Р.Ј. од Требеништа, со живеалиште во САД, управувајќи трактор „ИМТ“, изгубила контрола над тракторот и тој почнал да се движи наназад. Во тој момент сопатничката, 62-годишната В.М. од селото Требеништа, со живеалиште во Австралија, паднала од тракторот и со задното тркало тракторот поминал преку неа. Во незгодата, В.М. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во болницата „Св. Еразмо“, но поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

Strugaonline

Facebook Коментари