Албумот „Елегија“ Папаз и Танче ви го подаруваат во дигитално издание!

- Локални, Музика
745

Со оглед на моменталната ситуација,  познатите музичари Горан Папаз и Танче Грозданоски решија својот прв заеднички албум на публиката да и го подарат дигитално.

Албумот “Елегија” содржи 8 композиции, четири авторски и четири преработки на народни мелодии.
„Идејата на овој проект беше емоциите на музичарите да допрат до пошироката публика. Албумот содржи авторски песни каде авторите и изведувачите ја докажуваат својата музичка оригиналност, но исто така на албумот се преработени во оригинален аранжман неколку традиционални македонски песни со што се зачувува и негува македонскиот фолклор за сегашните и идните генерации. Самиот збор Елегија зборува за стилот на композициите.“ – велат Папаз и Танче.
Албумот се работеше во студиото Гроздановски, саксофон – Горан Папаз , гитара – Танче Гроздановски,  а позади пијаното стои името на Иван Еминовиќ

Извршен продуцент е Давор Палиќ музиката и аранжманот се на Папаз и Танче, и овој тим веќе работи на следниот проект. Албумот Елегија дигитално ќе биде дистрибуиран од страна на хрватската музичка продукција Menart Label.
Фотографиите и омотот за албумот ги изработи фотографот Никола Николов. 

Сите песни од албумот се поставени на следниов ЛИНК

Strugaonline

Facebook Коментари