Aлександар Стојчески од Струга освои бронзен медал на Светската олимпијада за геонауки

- Локални
1489

Македонија за прв пат имаше свој претставник на Светската олимпијада за геонауки, а тоа e нашиот млад и успешен стружанец Александар Стојчески кој освои бронзен медал. Стојчески дојде до медал во многу силна конкуренција од 150 натпреварувачи од 40 држави од сите 5 континенти (вклучувајќи ги Кина, Јапонија, САД, Австралија, Франција, Италија, Германија, Русија, Кореја, Индија, Индонезија, Мјанмар, Аргентина, Бразил, Шпанија, Португалија, Финска, Чешка, Филипини, Пакистан, Израел, Турција, Малави, Хаити, Тајван и други)

„Како ментор на Александар и Венеса, мое огромно задоволство од нивниот севкупен настап, резултати, активности, воспоставени бројни контакти, примерно однесување и да имаат уште поголеми успеси понатаму во животот“, напиша на својот FB  профил менторот на Александар,  професорот Ивица Милевски.

Ова не е прво признание за Александар, минатата година заедно со својата сестра Ивона Стојческа тој учествуваше  на интернационална олимпијада во Кенија.  Александар и Ивона  тогаш изработија проект на тема – „Влијание на амбиенталната температура врз ефектот на фотовоалтичните панели“ и освоија златен медал.

Strugaonline

фото: Ивица Милевски fb

 

Facebook Коментари