Алсат М: Обвинителството не се согласува Мукоски да излезе од куќен притвор

- Локални, Македонија
739

Обвинителството за организиран криминал и корупција нема да даде зелено светло пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски да излезе од куќен притвор со висока парична гаранција. Неофицијално, ќе даде негативно мислење. – објави телевизијата Алсат М

Сепак, клучен збор за тоа дали Мукоски ќе остане или не во домашен притвор ќе го има Кривичниот совет во скопска Единица.

Претходно домашниот притвор со парични гаранции од неколку стотици илјади евра, им беше укинат на неговите колеги, исто така обвинети за 27 април, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Тројцата, заедно со пратениците Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, се обвинети за крвавиот упад во Собранието, лани на 27 април.

Извор: Алсат М

фото: архива

Facebook Коментари