Амбасадорката на Јапониjа во посета на Општина Струга

- Локални
811

Денеска, градоначалникот на општина Струга г.Рамис Мерко ја пречека  Амбасадорката на Јапониjа Н.Е. Кеико Ханеда. На средбата се дискутираше за моменталната состојба во општина Струга и можноста за понатамошна соработка во различни сфери.

Во рамки на посетата на првиот резидентен Амбасадор во Македонија, нејзината екселенција КеикоХанеда го посети и основното училиште „Св.Климент Охридски“, каде што присуствуваше на церемонијата за успешно реализиран проект за реновирање на училиштето.

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ беше реновирано со помош на Грант програмата за мали проекти на Јапонија – GGP,со доделена материјална  помош во износ од 63.676 евра. Со помош на овие средства се заменија сите стари прозорци и врати во училиштето и се набави систем за противпожарна заштита.

Strugaonline

Фото: Општина Струга

Facebook Коментари