Андреа Тутенкоска и Сања Здјелар: Класичната музика е нашата определба, уметност која не’ дефинира во целост

- Локални, Музика
1097

Во рубриката „Млади и талентирани музичари“ ви ги претставуваме Андреа Тутенкоска од Струга  и Сања Здјелар од Скопје.

Андреа Тутенкоска има седумнаесет години, музиката е нејзина определба уште од рана возраст. Ученичка е  во  ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“, три години свири пијано, а пред една година започнала да свири и гитара.

Сања Здјелар од Скопје има осумнаесет години. Ученичка е во средно музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, виолина свири веќе дванаесет години, публиката ја знае како Сизи.

Андреа и Сања креативно ги здружија своите музички таленти и направија кавер верзија на „Canon in D“.

„Canon in D“, е позната класична композиција од Јохан Пачелбел, а повеќето ја знаат од филмовите и музичките игри. Класичната музика не е толку позната на нашата македонска сцена, па ние се одлучивме да си ја испробаме среќата, но и да докажеме колку вреди класичната музика. Каверот кој го снимивме очекувавме да биде со мала гледаност од 2000 прегледи, но благодарение на огромната поддршка од многу артисти, каверот веќе брои 15100 прегледи.“ – велат Сања и Андреа.

Тие додаваат дека љубовта кон музиката, посветеноста и музичкото надоградување ќе им помогнат да ги остварат своите соништа.

Strugaonline

Facebook Коментари