Андреј Чакаровски од Џудо Клуб „ДРИМ“- Струга ќе настапи на Балканското првенство во џудо за сениори во Тирана

- Локални, Спорт
967
Претстојниов викенд, на 30-ти и 31-ви март,  репрезентативецот  од редовите на Џудо Клуб „ДРИМ“- Струга, Андреј Чакаровски по постигнатите врвни успеси на национално ниво ќе настапи на Балканското првенство во џудо за сениори во Тирана, Р. Албанија.
Подготовките во целост се одвиваат во неговиот матичен клуб ЏК „ДРИМ“ -Струга под покровителство на главниот тренер, проф. Ѓорѓија Стојанов и асистент тренер проф. Марин Билјаноски бидејќи од страна на ЏФМ не беа организирани подготовки за Балканското првенство.
Да му посакаме на Андреј многу среќа и да пружиме поддршка за да  се врати со златен медал.
Strugaonline

Facebook Коментари