Автобус удрил во велосипед во Струга – велосипедистот има тешки телесни повреди

- Локални, Хроника
849
На 11.08.2018 година во 19.40 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од с.Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга. Од ударот дететот се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.   
Извор: СВР Охрид
Strugaonline

Facebook Коментари