Балетското студио „БАХ“ со танц-парада во Струга ќе го одбележи Светскиот ден на танцот

- Забава, Локални
1917

Студиото за танц „Бах“  секогаш знае да ја развесели Струга. Така ќе биде и овој понеделник,  29ти април кога е светскиот ден на танцот, што  претставува глобално славење на модерниот танц ширум светот.

По повод светскиот ден на танцот во нашата Струга , ќе ги видите танчерите на Studio za tanc „BAH” како  и  „Art Ballet – Skopje“ со своите балерини кои во март 2019 година беа претставници на Македонија на Светското првенство по танц во Москва, Русија и се вратија со голема победа ,три први места, едно второ и едно трето место. Овие шампиони заедно со танчерите од Студио за танц „Бах“  во понеделник ќе дефилираат низ нашиот град во една преубава танц парада и ќе ве почестат со четриесет-минутно танцување, по неколку точки од сите групи.

„Го славиме светскиот ден на танцот и дваесет и пет  години постоење на Студио за танц „Бах.“  Тргнуваме од нашиот втор дом ,Центарот на култура “Браќа Миладиновци”- Струга, со поддршка од нашата директорка Николина, потоа дефилираме низ нашиот убав град, а четриесет минутната програма ќе се одржи кај нашите пријатели, хотел Дрим ( Розе сала, делот кај машка плажа),  кои секогаш несебично ги помагаат културните настани во Струга.“ – информираат од БАХ.

Родителите, сите љубители на танцот, случајните и намерните минувачи ќе можат да уживаат во овој убав празничен ден. Почетокот е закажан за  16.30 часот.

За време на парадата, тука ќе бидат и  и децата од студиото за цртање на Кики Муки, дел од дамите кои танцуваат зумба во Балтеското студио „БАХ“   и дел од родителите од студиото.

Strugaonline

Facebook Коментари