Бесплатен јога курс за возрасни во Охрид – „Витални и после 60-та“

- Локални
845
Во рамките на проектот „И старите можат“ кој го спорведува  Локалната агенција за развој од Струга, под мотото „Витални и после 60-та“  во Охрид се одржува специјализиран и бесплатен Јога-курс за возрасни со професорот Ванчо Тасески.
„Споделете ја  оваа информацијата со вашите родители, роднини и пријатели кои не се на ФБ! Охрабрете ги да дојдат, помогнете им да излезат од дома и да направат нешто добро за своето здравје. Да им овозможиме на нашите повозрасни сограѓани да се радуваат на третото доба, и да постигнат здравје и виталност!
Часовите се одржуваат во текот на месец мај, секоја среда и петок, од 14:00 до 15:00 часот во хотел Дипломат во Охрид (Кај Факултетот за Туризам)
Повеќе информации на 077817432 и 077855155„ – велат организаторите

Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението „Хуманост.“

Strugaonline

 

Facebook Коментари