Black Friday во Comodita Home со попусти до 75%

- Локални, Маркетинг
608

И овој „црн петок“ доаѓа со неодолива понуда на сите категории производи во продавниците на Comodita Home. Можете да го снабдите вашиот дом со производи за спиење, за кујна, бања и додатоци заштедувајќи до 75% од вредноста на производите.

Разновидниот избор нуди можност да купите перници почнувајќи од 179 денари, сет постелнини од 1099 денари, сет чинии од 1699 денари, сет за готвење Granitec за само 1999 денари, блендер NutriFast со специјална цена од само 2999 денари, патни торби и куфери со почетна цена од 2499, а дополнително имате можност да го украсите вашиот дом со најмодерни и уникатни додатоци во различни стилови. Во нашиот широк асортиман на производи Comodita ќе најдете ќебиња, пешкири, јоргани, чаршафи за заштита и постелнини, кујнски прибори како и тави, сет филџани, сет чаши, додатоци за кујна и други разновидни производи за вашиот дом. Исто така можете да му овозможите дополнителна удобност на целото семејство со додатоци за дневна соба, како што се фотелјите Cоmodita по намалена цена од само 2399 денари и столчиња Comodita за само 1599 денари.

Покрај тоа, оваа година ја промовираме линијата на производи Lavender со неспоредлив квалитет и најдобра цена на пазарот. Од линијата Lavender можете да купите душек со почетна цена од 3199 денари, над душек со цени од 1899 денари и перница Lavender за само 219 денари. Производите од линијата Lavender можете да ги набавите во сите наши продавници.

Нашите продавници се совршена дестинација и за оние кои сакаат да ги израдуваат своите најблиски во периодот пред новогодишните празници со најубавите подароци и најпристапните цени.

Направете го вистинскиот избор и посетете ги продавниците на Comodita Home од 29 ноември до 2 декември, искористете ги најдобрите BLACK FRIDAY попусти и добијте многу повеќе.

КУПЕТЕ ГО БРЗО, ДА НЕ ГО КУПИ НЕКОЈ ДРУГ ПРЕД ВАС!

StrugaOnline

Facebook Коментари