Борче Столевски: Eколошки системи за третирање на водата се клучни за здравјето на луѓето и превенција од болести

- Здравје, Локални
2247

„Aqua filter“ е водечка фирма во Европа за пласман на еколошки системи за третирање на водата со најсовремена технологија. Покрај уредите за домаќинства фирмата е специјализирана и за индустриски уреди, хотели, пекари и слично. Корпорацијата „Aqua Filter“ има претставништва во 19 земји во Западна и Источна Европа.

Со работа во Македонија започна во 2002 година, со фирма која ги покрива активностите во Македонија, Албанија и Косово.

Благодарение на Г-дин Борче Столевски, оваа фирма својата успешна приказна ја гради и во Струга и на ниво на Македонија.

По препорака на наши пријатели од странство, во 2002 година ,  заедно со брат ми Сашо Столевски и татко ми. Овде морам да нагласам дека кај сите нас постоеше неверие и скептицизам но имаше и доста аргументи за што да се почни да се работи. Почнавме  како пионири со системите за прочистување вода претежно со осмотска мембрана за домашна употреба. Во текот на годините и запознавањето на пелетата производи и се што таа нуди палетата се прошируваше поточно имаме програма за опслужување на здравствени лаборатории, третирање на бунарски води, како и наменски понуди за спортистите, бремените жени, градинки, училишта, хотели аптеки и сл. Со оглед на тоа дека немаме целна група, односно  сите пијат вода присутни сме во секое семејство.“ – вели Столевски за Strugaonline

На почетокот, оваа тематика била предизвик, а со текот на годините и искуството се претворила во надчовечки напори да едуцира за бенефитите од чистата и исправна вода за пиење.

Предизвикот беше голем и затоа ја прифативме оваа програма за чиста вода. Во маркетингот, а и во медицината за улогата на водата малку се знае, особено за нејзините бенефити – доколку е чиста, тоа е така бидејќи нема таков смер на Медицински факултет. ( При разговор со доктори,хирурзи, интернисти, гениколози, педијатри, уролози, психијатри и слично, се доаѓа до заклучок дека во медицината е отфрлена превентивата. Ќе ви речат: Kај нас кога ќе дојде пациент е завршена работа, а ние само интервенираме (пример операција на жолчка, камен во бубрег, уринаrни проблеми.) “ – објаснува Столевски

Во годините напорна работа, Борче Столевски посветил многу внимание на низа истражувања, едукација на граѓаните на оваа тема, будење на свеста каква вода пијат и како тоа влијае на нивното здравје.

„Ние обичните граѓани не сме информирани за превентивата, ја прифатривме западната медицина која ја форсира фармацевската индустрија и размислуваме за моментално оздравување, додека источната медицина Јапонија и Кина премногу вложуваат во превентивата. Овде треба да се нагласи дека нашиот народ не пие вода, а и таа што ни ја дистрибуира државата сметаат дека е добра, што е многу погрешно. На загадувањето на водата влијае самиот човек, пред се со војните каде директно влијае на загадувањето, бидејќи сведоци сме на се повеќе заболувања од тешки болести, и се’ помлада популација. Тука влијаат киселите дождови, загадениот воздух, старата инфраструктура, азбестни цевки, се повеќе хаварии, дефекти на водоводната мрежа, прскањето на јаболката во Ресен е до четринаесет пати, така е и со оризот и сите други култури. Како бактеролошки заштитник се јавува хлорот кој е премногу канцероген, едниот испарува, а другиот се врзува со мртвите бактерии стварајќи трихалоген метани кои се итекако штетни.

Како што напоменав ние сме пионери во овој бизнис и во Македонија, Албанија , Косово и секој почеток не е лесен особено кога треба да се менува начинот на мислење. – вели Борче.

За производите на Aqua filter тој конкретно објаснува колку се значајни за сите граѓани кои сакаат да живеат здраво

„Ова е производ што мора да го има секое семејство и е многу повредно од секој мобилен телефон, компјутер или телевизор, од машина за алишта и машина за садови. Сите наведени работи само пред четириесет години не биле достапни на нашите дедовци и баби, а сега не може да се замисли семејство без сите овие апарати. Интересно е дека поселдниве десет години. на голема врата влезе флашираната вода, не навлегувајќи во нејзиниот квалитет, сепак е скапа.“- потенцира Столевски

Зошто  системите со осмотска мембрана?

Тоа е најголемиот изум на науката произведен од НАСА, пред се за космонаутите, кои имаат проблем со водата, а храната претежно им е во таблети, било колку да е загадена влезната вода, под дејство на притисок се добива чиста вода за пиење и тоа: механички, хемиски и бактеролошки исправна вода. Треба да се напомене дека не се користи никаква хемикалија во системите . Процесот е преземен од самата природа каде во природата осмотскиот притисок за формирање на подземните извори го создава сo самата природа поточно одвојувањето на молекулот на чистата вода се дели од нечистотијата по дејство на осмотскиот притисок кој изнесува 2,45 бари, а кај системите тоа го правиме на сила односно влезниот притисок на водоводната мрежа која треба да изнесува 2,8 бари. Ја користат сите морнарици особено подморници кои морската вода ја претвораат во вода за пиење и сите носачи на авиони користат осмотски мембрани, а треба да се напомене дека нашла голема примена и во медицината за луѓето кои се на дијализа. Прочистувањето се врши преку дијализери, кои во себе содржат и осмотска мембрана.

Широка е примената на водата за здравјето, за трудниците,(фетусот, односно бебето живеат девет месеци во100%  вода во утробата на мајката, а интересно никој не внимава на водата. Гениколозите тврдат дека доколку жената е хидрирана се намалува гадењето во првите три месеци од бременоста, дека сигурно ќе има доволно и квалитетно млеко, а и имунитетот на детето е поголем (плус и од лично искуство на мојата сопруга). Овде би напоменал дека и спортистите, било професионални или рекреативци, најмногу губат енергија со губење на течноста, и преку потење. (Пример,10 % губење течност се губи 10 % од физичките способности, 20 % се намалува 20 % од физичките способности, 30 % губење на течности се губи 30% од способноста. Така да било планинари, било фудбалери, ракометари, билдери, фитнес и др. треба да внимаваат како пијат вода. Дехидрацијата е уште попроблематична кај бебињата, при повраќање доколку изгубат 30% од телесната тежина може да имаат големи здравствени проблеми. 

                                                             

 Би се заблагодарил на Др Оливер Бојчески кој е спортски доктор и кој има напишано книга во која голем дел отпаѓа на пиењето вода и дека е примарна за успех на секој спортист. Би се заблагодарил и на Сашо Србиноски кој го поддржува нашиот проект, како и тренерот Владимир Ѓоровиќ. Голем поддржувач и промотор беше и легендата на македонскиот ракомет, и мој близок пријател,  Боро Чурлевски кој за жал не напушти. Голема поддршка добивме од фамилија Опетчески кои сите консумираат вода, а имале проблем со бубрезите за што имаме и сведоштво. И Наум кој после ноќни свирки единствено со алкализираната вода може да функционира другиот ден.

 Имаме поддршка и од сите доктори во Струга, Битола, Свети Николе, Куманово, Велес, Штип, Гостивар и Скопје. Имаме голема рефернтна листа на лаборатории и аптеки.

 Во контакт со Др.Сервини, интернист и кардиолог од Битола, ја замолив за едно испитување на нејзините пациенти во времетраење од три месеци, покрај терапијата да се зголеми внесот за вода. За среќа имаше доста позитивности. Пациенти со висок крвен притисок, примаат таблети кои имаат способност да те тераат што повеќе да уринираат, но мора да се внесува вода за да може да функциунираат таблетите. Доколку нема доволно вода иако се имате напиено таблети притисокот нема да Ви се намали. Со хидрирано тело полесно се исфрлаат отровите од организмот, а тука чистата вода е број еден.

Aqua filter се грижи за своите корисници и им подготвува изненадувања.

Ние како фирма се занимаваме со увоз-извоз, а овде сакам да напоменам дека од самиот почеток во нашата фирма имаме сервисна служба која е обучена во фабриките со кои соработувавме, тоа се овластени сервисери. Во тој дел имаме целосна логистика. Кога некој ќе купи систем тој прави писмен договор, ние му го монтираме и го евидентираме во нашата база на податоци и кога ќе дојди време за измена истиот го контактираме и одиме да направиме измена. Секој наш корисник доколку не препорача и направи продажба добива подарок од нашата фирма.“ – објаснува Столевски.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари