Браќата Асани од Америка со вредна донација за Општата болница во Струга

- Локални
1684

Општа болница Струга доби донација од околу 1.000 постелнини, два транспортни уреди за постелнина и две возила за превоз на неподвижни лица, кои доаѓаат од браќата Наим Асани и Шптим Асани од Америка.

Претставници од Општина Струга заедно со Претседателот на Советот на општината и заменик-Министерот за здравство, присуствуваа на предавањето на донацијата од браќата Асани, каде што остварија средба со генералниот директор на болницата во Струга и разговараа за тековните перформанси и состојба на болницата.

„Денеска добивме медицинска донација за да им служиме на пациентите хоспитализирани во нашата болница, им благодариме на браќата Асани за оваа донација.“-  рече директорот на болницата,  Реџеп Даути.

Во присуство на заменик Министерот за здравство и претставници на општина Струга донацијата беше предадена на Дурата Асани.

Strugaonline

фото: Oпштина Струга

Facebook Коментари