Центар за јавно здравје Охрид: Препораки за превенција од труење со храна за време на матурите

- Здравје, Локални
276

Месец мај е период кога се прославуваат матурите и кога се подготвуваат и конзумираат поголеми количества прехрамбени производи особено во домовите, но и во угостителските објекти. Топлото време и несоодветното складирање, приготвување и послужување на прехрамбените производи го зголемува ризикот од расипување на храната што може да биде причина за појава на здравствени тегоби (труење со храна) на оние кои ја конзумираат таа храна. – предупредуваат од Центар за јавно здравје Охрид


Од тие причини , од таму  апелираат до домаќинките, угостители при приготвување, чување и послужување на храната да ги земат во предвид следните препораки:
– Намирниците да се набавуваат од сигурни и проверени добавувачи
– Намирниците и приготваната храна да се чуваат и складираат во покриена амбалажа, на соодветна температурта, во разладни уреди, согласно декларацијата на производот
– При приготвување на храната да се користи посебен прибор за сирова храна и посебен за термички обработена храна. Доколку се користи истиот прибор тој претходно треба да биде добро исчистен (дезинфициран)
– На трпезата да се изнесуваат-послужуваат помали количини на лесно расипливи производи (салати, месни преработки, млечни производи и сл.) и истите да не бидат изложени на собна температура повеќе од 60 минути (по потреба да се дополнуваат со нови количини).

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари