Четири лица се повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар

- Локални, Хроника
826

На 17-ти септември 2019 година, во 16:45 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, на крстосница од локалниот пат кај селото Добовјани и патот кој води кон селото Велешта, се случила сообраќајна незгода, во која се повредени четири лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишниот Р.П. од Вевчани и патничко моторно возило „Фоксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот С.Б. од Велешта. Од ударот возилото „Југо“ удрило во 55-годишниот пешак С.Б. од Република Албанија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.П. и С.Б. кои се пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид каде им е укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „Југо“, 49-годишната С.П. и 12-годишен пешак, кој се движел заедно со С.Б. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: aрхива

Facebook Коментари