Четири лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар

- Локални, Хроника
750

На 4-ти ноември 2019 година, во 12:35 часот, на крстосница од регионалниот пат Струга-Дебар и локалниот пат за струшкото село Долна Белица, се случила сообраќајна незгода во која се повредени четири лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничо моторно возило „Фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.А.(54) од селото Ливада, струшко, патничко моторно возило „Фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(54) од селото Велешта, струшко, и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „Фолксваген голф“, К.Д. (58) од селото Ливада, а со телесни повреди се здобиле возачот Л.А., возачот Ш.Р. и совозачот на возилото „Фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, Ц.С.(59) од Охрид. Тие биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари