Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во Струга

- Локални, Хроника
1155

На 27-ми април 2021 година во 18:20 часот на пресекот на улиците „Владо Малески“ и „Пабло Неруда“ во Струга случена е сообраќајна незгода во која се повредени четири лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничките возила марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот Б.Б. од струшкото село Заграчани и возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 59-годишниот Р.И. од селото Калишта. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетничка – сопатник во второто возило која е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште едно малолетно лице, констатирани во Општата болница во Струга. На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари